свет

Невреме ја зафати Грција: Загинаа шест лица, оштетени патиштата и мостовите

Противпожарната служба прими 495 повици, од кои 47 се однесуваа на луѓето заглавени во куќи и во своите возила. Најмалку осум од 47 лица се евакуирани со хеликоптери

Ekip  | 10.08.2020 - Обновена : 11.08.2020
Невреме ја зафати Грција: Загинаа шест лица, оштетени патиштата и мостовите

АТИНА 

Најмалку шест лица смртно страдаа во силно невреме кое го зафати грчкиот остров Еубеја (Евиа), пренесува Агенција Анадолија (АА).

Смртно страдаше повозрасен брачен пар и осуммесечно бебе.

Најмалку две лица исчезнаа, рече по состанокот министерот за упрвување со кризи Никос Хардалиас.

Невремето доведе до голема материјална штета, оштетувајќи патишта и мостови, посебно на југот на Халкида, околу 100 километри од Атина. Прекината е патна комуникација и единствен начин да се дојде до островот е со траект.

Противпожарната служба прими 495 повици, од кои 47 се однесуваа на луѓето заглавени во куќи и во своите возила. Најмалку осум од 47 лица се евакуирани со хеликоптери.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис изрази сочувство до семејствата на смртно страданите лица.

Од Цивилната заштита на Грција наведено е дека во регионот ќе продолжат лошите временски услови, а граѓаните ги предупредија да преземат мерки на заштита.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın