Abdulkadir Karakaya
23 Април 2021•Ажурирај: 25 Април 2021
ИСТАНБУЛ - Тимот на Далас Маверикс, благодарение на одличната игра на Лука Дончиќ, успеа да го совлада Лос Анџелес Лејкерс со резултат 115:110, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа шест натпревари во НБА. Екипата на Маверикс која се бори за место меѓу првите осум места во Западната конференција и пласман во плејофот, го совлада Лос Анџелес Лејкерс и ја извојува својата 32. победа сезонава.
Во екипата на Маверикс шест играчи постигнаа двоцифрен број на поени, а најдобар играч на средбата беше Лука Дончиќ со 30 поени, 9 скока, 8 асистенции, додека Кристапс Порзингис постигна 19 поени, 6 скока.
Во редовите на Лејкерс во кој не настапува ол-стар ѕвездата Леброн Џејмс поради повреда, Денис Шредер постигна дабл-дабл од 25 поени, 13 асистенции, 2 скока, а Кентевиус Колдвел-Поуп постигна 29 поени. По пауза од 2,5 месеци на паркетот се врати Ентони Дејвис, и за време од 17 минути, постигна 4 поени и 4 скока.
- Севентисиксерс загуби трипати по ред -
Тимот на Филаделфија Севентисиксерс, лидерот во Источната конференција, како гостин загуби од Милвоки Бакс со 124:117.
Јанис Антетокумпо на оваа средба постигна дабл-дабл од 27 поени, 16 скока, 6 асистенции и даде значаен придонес во 36. победа на Бакс сезонава. Крис Мидлтон постигна 24 поени, 5 асистенции, а Боби Портис средбата ја заврши со 23 поени, 5 скока.
Во редовите на Севентисиксерс кој го доживеа својот трет пораз по ред, најпрецизни беа Џое Ембид со 24 поени, 3 скока, Шејк Милтон со 20 поени, 4 асистенции и Тобајас Херис со 18 поени, 6 асистенции.
- Резултати:
Орландо Меџик - Њу Орлеанс Пеликанс 100:135
Бостон Селтикс - Феликс Санс 99:86
Милвоки Бакс - Филаделфија Севентисиксерс 124:117
Сан Антониот Спарс - Детроит Пистонс 106:91
Чикаго Булс - Шарлот Хорнетс 108:91
Далас Маверикс - Лос Анџелес Лејкерс 115:110