Hüseyin Burak Demirer
24 Јуни 2020•Ажурирај: 26 Јуни 2020
АНКАРА
Ејвери Бредли, кој во американската Национална кошаркарска лига (НБА) игра во редовите на Лос Анџелес Лејкерс, соопшти дека нема да игра во преостанатиот дел од сезоната поради пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Екипата на Лос Анџелес Лејкерс, која е еден од фаворитите во Западната конференција на НБА, оваа сезона, што беше прекината на 11 март поради пандемијата на коронавирусот, заедно со уште 22 екипи членки на американската Национална лига, во Флорида ќе ги одиграат преостанатите натпревари од сезонава, но на теренот ќе излезе без организаторот на играта, Бредли.
Бредли за спортскиот канал „И-ес-пи-ен“ (ESPN) изјави: „Колку и да сум поврзан со мојот клуб и моите соиграчи, јас првенствено играм кошарка за моето семејство. Во вакво време, незамисливо е да донесам одлука со која можам да го загрозам здравјето на моето семејство, макар ризикот бил и мал.“
Се претпоставува дека зад оваа одлука на 29-годишниот кошаркар стои загриженоста за неговиот 6-годишен син Лијам, кој има проблеми со дишењето.
Во досега одиграните натпревари од сезоната 2019/2020, Бредли одигра 49 натпревари, на кои 44 пати беше во првата петорка. Постигна просек од 8,6 поени по натпревар и даде значаен придонес во одбраната.