Gamze Türkoğlu Oğuz
24 Јуни 2020•Ажурирај: 24 Јуни 2020
САO ПАOЛО
Од последиците на заразувањето со Ковид-19 во изминатите 24 часа во Бразил починаа 1.374 лица, а во Мексико 793, јавува Агенција Анадолија (АА).
Бразил, по САД, е втора најтешко погодена земја од пандемијата на Ковид-19, а од Министерството за здравство на таа земја е соопштено дека од последиците на вирусот починале 52.645 лица.
Во изминатите 24 часа во Бразил се потврдени 39.436 нови случаи на заразување, со што бројот на заразени од почетокот на пандемијата во оваа земја е зголемен на 1.145.906.
Мексиканското Министерство за здравство објави и преглед на епидемиолошката слика, во која се наведува дека од почетокот на пандемијата во таа земја починале 23.377 лица.
Во Мексико, во текот на изминатиот ден беа потврдени 6.288 нови случаи на заразување со Ковид-19, со што бројот на заразени од почетокот на пандемијата во оваа земја е зголемен на 191.410.
Ковид-19 кон крајот на минатата година се појави во кинескиот град Вухан, а Светската здравствена организација (СЗО) на 11 март оваа година прогласи глобална пандемија на Ковид-19.