Zehra Ulucak
24 Јуни 2020•Ажурирај: 24 Јуни 2020
АНКАРА
Во светот од новиот тип коронавирус оздравеа повеќе од пет милиони лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
На интернет-страницата „Worldometer“, на која се прикажани податоците за бројот на заразени, починати и оздравени, се наведува дека во светот од Ковид-19 оздравеле 5.046.272 лица.
Најмногу оздравени има во САД, каде што оздравеа 1.020.403 лица. Следуваат Бразил (613.345), Русија (356.429), Индија (258.685), Чиле (210.570), Италија (184.585), Германија (175.700), Иран (169.160), Турција (162.848) и Перу (148.437).
Новиот тип коронавирус се појави во декември 2019 година во кинескиот град Вухан, а наскоро е прогласена пандемија. Бројот на заразени достигна 9.359.372, а најмалку 479.879 лица починаа како резултат на вирусот.