свет

Во земјотресот во Мексико починаа пет лица

- Од последиците на земјотресот со јачина од 7,5 степени, што вчера во попладневните часови го погоди Мексико, според првичните податоци, загинаа пет лица

Gamze Türkoğlu Oğuz  | 24.06.2020 - Обновена : 25.06.2020
Во земјотресот во Мексико починаа пет лица

МЕКСИКО

Од последиците на земјотресот со јачина од 7,5 степени, што вчера во попладневните часови го погоди Мексико, според првичните податоци, загинаа пет лица, јавува Агенција Анадолија (АА).

Мексиканскиот претседател, Андрес Мануел Лопез Обрадор, изјави дека во земјотресот загинало лице во градот Хуатулко во Оахака и дека по земјотресот се забележани уште 140 тресења на тлото.

Гувернерот на Оахака, Алехандро Мурат, исто така наведе дека во земјотресот загинале уште две лица во таа покраина, едно во селото Сан Хуан Озолотепек.

Официјалните претставници на сојузната Цивилна заштита исто така потврдија дека во земјотресот загинал работник на државната нафтена компанија „Пемекс“ и лице во селото Сан Агустин Аматенго во Оахака.

Компанијата „Пемекс“ соопшти дека земјотресот предизвикал пожар во рафинеријата во градот Салина Круз и дека еден работник е повреден. Пожарот бил брзо изгаснат.

Земјотресот, поради кој илјадници луѓе излегоа на улиците од страв, предизвика материјална штета на црквите, мостовите и патиштата, а некои области беа без електрична енергија.

Институтот за сеизмологија на Мексико претходно соопшти дека земјотрес со јачина од 7,5 степени ја погодил сојузната држава Оахака.

Земјотресот е евидентиран на длабочина од 5 километри, 9 километри западно од градот Којула.





На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın