свет

Најмалку шестмина ранети во оружен напад во американската држава Тексас

- Во американската сојузна држава Тексас извршен е оружен напад во кој се ранети повеќе лица

Betül Yürük  | 09.04.2021 - Обновена : 13.04.2021
Најмалку шестмина ранети во оружен напад во американската држава Тексас

ЊУЈОРК 

Во американската сојузна држава Тексас извршен е оружен напад во кој се ранети повеќе лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според вестите објавени во американските медиуми, во градот Брајан во сојузната држава Тексас извршен е оружен напад.

Во вестите се наведува дека во нападот се ранети најмалку 6 лица и дека меѓу ранетите има лица кои се наоѓаат во животна опасност.

Полицијата пристигнала на местото на нападот, но напаѓачот сѐ уште не е фатен.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.