Zuhal Demirci
09 Април 2021•Ажурирај: 10 Април 2021
АНКАРА
Министерството за надворешни работи на Турција го повика италијанскиот амбасадор Масимо Џиани на разговор за да ги осуди изјавите на премиерот на Италија, Марио Драги, за турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Агенција Анадолија (АА).
Италијанскиот премиер Марио Драги на прес-конференцијата претходно изнесе непримерни квалификации насочени кон турскиот претседател Ердоган, на што реагира Министерството за надворешни работи на Турција.
Драги на прес-конференцијата го искоментира настанот во врска со протоколот на состанокот на челниците на Европската Унија со Ердоган во Анкара, иако претходно е соопштено дека протоколот е направен во соработка со претставниците на Делегацијата на ЕУ во Турција.
Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, остро ја осуди изјавата на италијанскиот премиер.
„Остро ги осудуваме неприфатливите забелешки на именуваниот италијански премиер упатени кон нашиот избран претседател, повлечете ги дрските забелешки“, објави Чавушоглу на Твитер.
Во некои кругови имаше критики поради распоредот за седење на состанокот во вторникот, каде што турскиот претседател и шефот на Советот на Европа, Шарлс Мишел, седеа на столови, додека Вон дер Лејен на почетокот остана да стои.
Тогаш ѝ беше понудено место на каучот, а Чавушоглу седна на другиот кауч наспроти неа.
Во разговорот со новинарите вчера, Чавушоглу изјави дека Турција ги задоволила сите протоколарни барања упатени од страна на ЕУ.
Турското Министерство за надворешни работи упати барање до премиерот на Италија да ги повлече дрските и лоши изјави во врска со претседателот на Турција, Ердоган.