Ahmet Gençtürk
28 Ноември 2024•Ажурирај: 30 Ноември 2024
АТИНА (АА) – Најмалку четворица мигранти загинаа во бродолом кај грчкиот остров Самос, втора ваква несреќа оваа недела, објавија денес грчките медиуми, пренесува Анадолу.
Загинаа две жени и две деца, јави државната телевизија ЕРТ, додавајќи дека се спасени 16 мигранти што биле на бродот со жртвите.
Во тек е операција за пребарување и спасување со учество на крајбрежната стража, полицијата и спасувачките екипи, под надзор на Единствениот центар за координација на потраги и спасување, се вели во соопштението.
Во понеделникот најмалку осуммина мигранти, меѓу кои шест деца и две жени, загинаа во бродолом близу островот Самос.