Fatma Esma Arslan
02 Август 2023•Ажурирај: 03 Август 2023
ДАКАР (АА) - Најмалку две лица се убиени, а пет се повредени во терористички напад извршен врз патнички минибус на периферијата на Дакар, известува Анадолу.
Сенегалското МВР објави дека нападот се случил во местото Хан Бел-Ер, кога врз минибус во движење бил фрлен молотов коктел.
На местото на нападот пристигнал и министерот за внатрешни работи на Сенегал, Антоан Феликс Абдулај Диом, кој изјави дека несомнено станува збор за терористички напад извршен од седуммина маскирани напаѓачи на мотоцикли.
Министерот Абдулај Диом додаде дека во тек е потера и дека извршителите на нападот набрзо ќе бидат фатени.