Qais Omar Darwesh Omar,Muhammed Semiz
02 Август 2023•Ажурирај: 03 Август 2023
РАМАЛАХ (АА) - Израелските сили пукаа и убија 15-годишно палестинско момче поради наводен напад со нож во окупираниот Западен Брег, известува Анадолу.
Палестинското Министерство за здравство објави дека 15-годишниот Палестинец Мохамед Фарид Шавки Ез-Зеир смртно настрадал од последици од истрелите на израелските сили во Ес-Сам, јужно од Хеброн.
Израелската војска на својот профил на социјалните мрежи објави дека е убиен Палестинец кој се обидел да изврши напад со нож. Во соопштението се наведува дека нема повредени израелски војници.
Израелската војска доцна синоќа објави дека во Хеброн е убиен уште еден Палестинец поради наводен напад со ладно оружје.