свет

Најмалку 33 загинати во воздушен напад на армијата на Мјанмар врз болница во Ракајн

- Армиските сили на Мјанмар извршиле воздушен напад врз болница во Мраук-У, во близина на границата со Бангладеш, убивајќи 33 лица и повредувајќи 76, објави порталот Иравади.

Nuri Aydın  | 11.12.2025 - Обновена : 11.12.2025
Најмалку 33 загинати во воздушен напад на армијата на Мјанмар врз болница во Ракајн

ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 33 лица загинаа, а 76 се повредени во воздушниот напад што армијата на Мјанмар го изврши врз болница во државата Ракајн, известува Анадолу.

Според веста што ја објави порталот Иравади, армиските сили започнале воздушен напад врз болница во Мраук-У, во близина на границата со Бангладеш.

Во веста се информира дека 33 лица, вклучително и здравствени работници, загинале во нападот, а 76 се повредени.

Воената администрација не издаде соопштение дека извршила какви било напади во регионот.

Од друга страна, најмалку 18 цивили ги загубија животите, а 20 беа повредени во воздушниот напад извршен од армиските сили врз регионот Сагаин на 5 декември.


- Воен удар во Мјанмар

Армијата на Мјанмар ја презеде власта на 1 февруари 2021 година, по обвинувањата за измама на општите избори во 2020 година и политичките тензии во земјата.

Армијата приведе голем број функционери, меѓу кои и де факто лидерката на земјата и министерка за надворешни работи Аунг Сан Су Ќи, како и лидерите на владејачката партија и прогласи вонредна состојба во траење од една година.

Во вооружениот отпор и националните судири што следуваа по државниот удар и крвавото задушување на мирните опозициски протести загинаа 6.000 луѓе и беа раселени приближно 3 милиони од 2021 година.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın