свет

Најмалку 20 хуманитарни работници загинаа од 2020 година досега поради конфликтот во Етиопија

Според податоците на Африканскиот новинарски центар, Етиопија е земја каде што најмногу хуманитарни работници ги загубија животите поради конфликтот

Gökhan Kavak  | 20.10.2021 - Обновена : 21.10.2021
Најмалку 20 хуманитарни работници загинаа од 2020 година досега поради конфликтот во Етиопија

ИСТАНБУЛ (АА) - Во источноафриканската земја Етиопија, најмалку 20 хуманитарни работници ги загубија своите животи од 2020 година досега, поради тековните судири меѓу членовите на Народниот фронт за ослободување на Тиграј (TPLF) и армиските единици, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според податоците на Африканскиот новинарски центар (CAJ​​​​​​​), Етиопија е земјата каде што најмногу работници за хуманитарна помош ги загубија животите поради конфликтот.

Најмалку 20 хуманитарни работници загинаа во тековниот конфликт во северна Етиопија од ноември 2020 година.

Од друга страна, Мали е на прво место во однос на киднапирањето на хуманитарните работници. Во земјата се евидентирани 44 случаи на киднапирање.

Демократската Република Конго, Централноафриканската Република, Мали, Нигерија, Сомалија и Јужен Судан се меѓу земјите каде што хуманитарните работници се соочуваат со безбедносни проблеми.

- Во Етиопија ескалира хуманитарната криза -

Хуманитарната криза во регионот ескалира откако борбата за власт меѓу Федералната армија и Народниот фронт за ослободување на Тиграј (TPLF) во северната покраина Тиграј се прошири и во соседните држави.

Покрај тоа што Армијата на Етиопија постигна делумен успех во операциите започнати против бунтовниците во ноември 2020 година, таа се повлече од Мекеле, главниот град на Тиграј, на 28 јуни, наведувајќи ја хуманитарната ситуација како причина.

Владата прогласи едностран прекин на огнот, но изврши контранапад по брзото напредување на Народниот фронт за ослободување на Тиграј на север.

Речиси 2,5 милиони луѓе се раселени само во Тиграј, а на повеќе од 5 милиони луѓе им е потребна итна помош.

Во Тиграј, каде што образовните и здравствените институции станаа неоперативни, не може да се достави соодветна помош поради небезбедноста и недостигот на гориво.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.