свет

Најмалку 13 Палестинци се убиени во најновите израелски напади врз Газа

Според болнички извори и очевидци, израелската армија утрово извршила напади врз палестинските домови и шатори во кои се сместени раселени лица во различни делови од Газа

Rania R.a. Abushamala  | 16.07.2025 - Обновена : 16.07.2025
Најмалку 13 Палестинци се убиени во најновите израелски напади врз Газа

ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 13 Палестинци се убиени, а повеќемина повредени, вклучувајќи и деца, во израелските напади врз Појасот Газа денес, јавува Анадолу.

Според болнички извори и очевидци, израелската армија утрово извршила напади врз палестинските домови и шатори во кои се сместени раселени лица во различни делови од Газа.

Шатор во областа Маваси во Кан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа, е погоден во воздушен напад. Осум Палестинци, меѓу кои и три деца, се убиени во нападот, а многу други повредени.

Тројца Палестинци се убиени и во бомбардирањето на стан и кафетерија во бегалскиот камп Нусејрат во централна Газа.

Две лица се убиени, а неколкумина се повредени во израелски воздушен напад врз куќа во населбата Сабра, во јужниот дел на градот Газа.

И покрај меѓународните повици за прекин на огнот, израелската Армија уби повеќе од 58.500 Палестинци во смртоносната офанзива во Појасот Газа од октомври 2023 година.

Минатиот ноември Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради своите воени дејства во енклавата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.