свет

Индонезискиот вулкан Марапи повторно еруптира, предизвикувајќи повторна тревога

Надлежните објавија дека Марапи има регистрирано повеќе од 450 ерупции од неговата првична експлозија на 3 декември 2023 година

Elena Trenchevska Chekovikj  | 16.07.2025 - Обновена : 17.07.2025
Индонезискиот вулкан Марапи повторно еруптира, предизвикувајќи повторна тревога Фото: Adi Prima/AA

СКОПЈЕ (АА) - Вулканот Марапи во Индонезија повторно се активираше, што ги натера властите да издадат повторни предупредувања до околните жители и туристи, јавува Анадолу.

Густи облаци од пепел и чад се дигнаа кон небото по најновата ерупција.

Од безбедносни причини, секое приближување и активност во радиус од 3 километри од местото на ерупцијата се строго забранети.

Официјалните претставници објавија дека Марапи има регистрирано повеќе од 450 ерупции од неговата првична експлозија на 3 декември 2023 година.

Вулканот Марапи, инаку активен вулкан, првпат еруптираше во декември 2023 година, а потоа повторно во јануари, мај и јуни 2024 година.

Марапи е висок 2.891 метар и се наоѓа на островот Суматра, каде што властите долго време им забрануваа на жителите и туристите да пешачат во радиус од 3 километри од неговиот кратер.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.