Sinan Doğan
22 Мај 2024•Ажурирај: 23 Мај 2024
БОГОТА (АА) - Најмалку 11 лица ги загубија животите вчера во судир на патнички автобус и камион во Перу, известува Анадолу.
Полицијата на провинцијата Паско објави дека уште најмалку 8 лица се повредени во несреќата што се случи во градот Уануко.
Во полициското соопштение се наведува дека камионот директно удрил во патничкиот автобус од спротивната насока и дека возачот на камионот е приведен во рамките на истрагата.