Adam Abu-bashal
16 Октомври 2024•Ажурирај: 17 Октомври 2024
АБУЏА (АА) - Најмалку 105 лица загинаа од експлозија на цистерна со гориво во нигериската држава Џигава во северна Нигерија, известува Анадолу.
Портпаролот на државната полиција на Џигава, Лован Адаму, за новинарите изјави дека цистерната која превезувала гориво, поради голема брзина излегла од контрола и се превртела на автопатот Кано - Хадеја во областа Маџија во државата Џигава.
Адаму истакна дека цистерната експлодирала во моментот кога локалното население се обидувало да го испразни горивото од превртената цистерна.
Информирајќи дека во експлозијата загнале 105 лица, Адаму рече дека најмалку 55 лица се повредени.
Тој истакна дека е критична здравствената состојба на дел од повредените кои биле пренесени во болница.
Властите објавија дека во регионот се испратени противпожарни бригади и дека во тек е истрага за инцидентот.
Националните медиуми објавија вести во кои тврдат дека повеќе од 300 луѓе се повредени во експлозијата.