свет

Најмалку 10 Палестинци се убиени во израелски напади низ градот Газа

- Израелската армија нападна Палестинци кои барале хуманитарна помош и куќа во бегалски камп, информираа медицински лица

Betül Yılmaz  | 06.09.2025 - Обновена : 07.09.2025
Најмалку 10 Палестинци се убиени во израелски напади низ градот Газа

ИСТАНБУЛ (АА) - Израелската армија уби 10 Палестинци и повреди неколкумина во Појасот Газа денес, информираа локалните медиуми, известува Анадолу.

Повикувајќи се на медицински извори, државната новинска агенција Вафа соопшти дека израелската армија нападнала куќа на палестинско семејство во бегалскиот камп Шати, во градот Газа, убивајќи Палестинци и повредувајќи неколкумина.

Едно дете е убиено во израелско артилериско гранатирање на населбата Шеик Радван во градот Газа.

Во централна Газа, израелската армија ги нападна цивилите кои чекале испорака на хуманитарна помош во близина на дистрибутивните точки во Вади Газа. Во овој напад загинале две лица, а 17 се повредени.

Во меѓувреме, израелски воени авиони извршија напади врз источните области на Деир ал-Балах во централниот дел на Појасот Газа.

Постар Палестинец го загуби животот од израелски оган во областа Ал-Маваси во Хан Јунис, јужниот дел на Појасот Газа.

Последната жртва се случи и покрај тоа што израелската армија претходно денес објави дека Ал-Маваси е прогласен за хуманитарна зона, повикувајќи ги жителите на градот Газа да се движат кон ова подрачје пред да ги интензивираат копнените операции во град Газа.

Геноцидот во Газа во петокот влезе во 700-тиот ден. Израел досега уби најмалку 64.300 Палестинци. Воената кампања ја опустоши енклавата, каде населението се соочува со глад.

Минатиот ноември, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел, исто така, се соочува со случај за геноцид во Меѓународниот суд на правдата за својата војна против енклавата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.