Mahmut Atanur
07 Март 2019•Ажурирај: 08 Март 2019
ЏАКАРТА (АА) – Вулканот Мерапи во Централна Јава, Индонезија, повторно почна да исфрла пепел и чад, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите на весникот „Темпо“, во последно време вулканската активност се интензивирала, а висината на пепелта и чадот што се издигнувале од вулканот Мерапи, достигнала 200 метри.
Според надлежните, жителите во регионот засега се безбедни и нема никакви проблеми да продолжат со нивните секојдневни активности.
По експлозиите на Мерапи во мај минатата година, алармот во регионот беше зголемен на второто највисоко ниво и беше укажано населението да не се приближува повеќе од 3 километри до вулканот.
Мерапи се наоѓа на планината помеѓу Јогјакарта и Јава, на висина од 2.968 метри. Неговата последна голема ерупција во 2010 година однесе 347 животи.
Во Индонезија, која се наоѓа во земјотресно и вулканско подрачје, евидентирани се 130 активни вулкани.