Dildar Baykan
03 Јули 2017•Ажурирај: 04 Јули 2017
АНКОРИЏ (AA) - Вулканот Богослоф на Алјаска повторно еруптираше и исфрли вулкански пепел и чад до висина од 11 километри, јавува Anadolu Agency (AA).
Опсерваторијата за вулканска активност во Алјаска соопшти дека ерупцијата траеше 16 минути, и оти тоа е продолжение на вулканската активност на Богослоф која трае од средината на декември минатата година.
По последната ерупција беше прогласен највисок, црвен степен на тревога за воздухопловството во овој регион. Вулканската пепел може да предизвика дефект кај млазниот мотор, да ги затемни прозорците на пилотската кабина, па дури и да предизвика оштетување на електрониката во системот за навигација.
Над вулканот минува авиолинијата што ги поврзува Северна Америка и Азија и се смета за една од најпрометните авионски линии во светот.
Островот Богослоф се наоѓа на 98 километри северозападно од Дуч Харбор (Dutch Harbor), Алјаска. Тоа е всушност врвот на подводниот вулкан кој се протега 1,7 километри во длабочина.
Вулканот не мирува, така што може да еруптира во секое време.