Yusuf Hatip
14 Април 2018•Ажурирај: 15 Април 2018
БРИСЕЛ (АА) - НАТО ја поддржа утринската воена интервенција на САД, Велика Британија и Франција врз Сирија, во која се бомбардирани повеќе позиции на режимот на Асад, а станува збор за капацитетите на хемиско оружје, јавува Anadolu Agency (AA).
„Овој напад ќе ја ослабе силата на режимот на Асад, во смисол на повторен напад со хемиско оружје“, порача генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Тој потсети дека исто така и сојузниците претходно ги осудиле нападите со хемиско оружје во Сирија, и порача дека тие напади претставуваат отворено кршење на меѓународните правила и договори.
„Користењето на хемиско оружје е неприфатливо и одговорните мораат да одговараат за тоа. НАТО смета дека користењето на хемиско оружје е закана за меѓународниот мир“, порача Столтенберг.