свет

НАТО повика на прекин на судирите во Либија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, упати повик до сите страни во Либија да прекинат со судирите и да го започнат политичкиот процес

Şerife Çetin  | 13.05.2019 - Обновена : 14.05.2019
НАТО повика на прекин на судирите во Либија

БРИСЕЛ (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на средбата со специјалниот претставник на Обединетите нации (ОН) за Либија, Гасан Селаме, упати повик до сите страни во Либија да прекинат со судирите и да го започнат политичкиот процес, пренесува Anadolu Agency (AA).

НАТО објави соопштение по повод средбата на генералниот секретар Столтенберг со Селаме, на којашто е разговарано за безбедносната ситуација во Либија.

Столтенберг, истакнувајќи дека е длабоко загрижен за моменталната ситуација во Либија, ги повика сите страни да прекинат со судирите и да се вратат на политичкиот процес.

Тој наведувајќи дека конфликтите ги зголемуваат страдањата на либискиот народ, истакна дека решението не ќе може да биде воено.

Столтенберг нагласи дека НАТО силно ја поддржува работата на ОН и упати повик до сите страни во Либија и до меѓународната заедница да го поддржат процесот на ОН.

- НАТО е подготвено да даде поддршка за Либија -

Нагласувајќи дека НАТО е подготвено да ја поддржи Либија во изградбата на безбедносните институции, Столтенберг рече дека тоа ќе се случи ако тоа го побара либиската Влада и ако безбедносната ситуација го дозволи.

Во соопштението се вели дека специјалниот претставник на ОН за Либија, Селаме, го информирал Северноатлантскиот совет на НАТО за ситуацијата во Либија. Се нагласува и дека сите сојузници се согласиле дека кризата во Либија нема да биде решена по пат на војна. 



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın