Hasan Esen
05 Април 2017•Ажурирај: 05 Април 2017
БРИСЕЛ (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, го осуди нападот со хемиско оружје извршен врз сирискиот град Идлиб, во кој загинаа повеќе од сто лица, поголемиот дел деца, јавува Anadolu Agency (AA).
Столтенберг потсети дека со Конвенцијата за хемиско оружје е забранета употребата на хемиско оружје на подрачјата каде што би можеле да имаат смртни последици или да предизвика трајна штета на луѓето.
Тој повика на почитување на овој документ во потполност и потсети дека Сирија како една од потписничките мора да ги исполнува своите одговорности.
„Ги осудувам овие страотни напади во сирискиот град Идлиб, за кои се тврди дека се извршени со користење на хемиско оружје што предизвикаа смрт кај десетици лица, меѓу кои се наоѓаат и деца. Сите одговорни би требало да платат за тоа“, се наведува во соопштението на Столтенберг, кој потсети дека слични напади се извршени неодамна.