Hacer Başer
20 Мај 2017•Ажурирај: 21 Мај 2017
МАРИБ (АА) - Во јужниот дел на Јемен, се случи судир меѓу силите на претседателот Абдурабу Мансур Хади и силите на соборениот лидер Али Абулах Салих. Во судирот неутрализирани се 11 милитанти, а 4 милитанти се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Интернет страницата „26 септември”, која е поврзана со јеменската армија, објави дека според информациите добиени од воени извори, владините сили во градот Дали се судриле со Хусите и силите на соборениот лидер Салих.
Во судирот убиени се 11 милитанти, меѓу кои се наоѓа и Мувафак ес-Сејдин, важно име од редовите на Хусите, а ранети се 4 милитанти.
Хусите не дадоа никаква изјава во врска со настанот.
Некои делови од покраината Дали кои се под контрола на Хусите, често се место на судири на владините сили и овие милитанти.