Tufan Aktaş
11 Октомври 2021•Ажурирај: 12 Октомври 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Етиопската армија започна офанзива на сите фронтови против бунтовничкиот Народен ослободителен фронт Тиграј (ТПЛФ), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Канцеларијата за надворешни односи на Тиграј се наведува дека Владата во Адис Абеба започнала иницијатива за да го поврати Тиграј и дека Владата претпочита војна наместо мирно решение.
Во соопштението се наведува дека Армијата и милициите Амхара утрово, 11 октомври, започнале координиран контранапад на сите фронтови и дека силите на ТПЛФ ќе продолжат да се борат на одбранбените линии.
Исто така се истакнува дека Армијата на Етиопија е поддржана од воени авиони, беспилотни летала, тенкови и ракети заедно со копнените сили.
Меѓу другото, во соопштението се потсетува дека е можно кризата да се реши мирно со прифаќање на предусловите.
Канцеларијата за надворешни работи, исто така, од меѓународната заедница побара да преземе конкретни мерки за да ги запре силите на владата на Етиопија, кои ги нарекува „сили на геноцид“.
Премиерот на Етиопија, Абиј Ахмед, минатата недела откако го формираше новиот Кабинет порача дека ќе започне нова офанзива врз Тиграј.
Освен тоа што Армијата на Етиопија постигна делумен успех во операциите започнати против бунтовниците во ноември 2020 година, таа се повлече од Мекел, главниот град Тиграј на 28 јуни, посочувајќи ја хуманитарната ситуација.
Десетмесечните конфликти на северот на земјата раселија речиси 2,5 милиони луѓе, а на повеќе од 5 милиони луѓе им е потребна итна помош.