Ekipa
13 Април 2017•Ажурирај: 13 Април 2017
АЛЕПО (АА) – Тројца цивили се повредени во напад со фосфорни бомби на населбата Дарет Изе, во градот Алепо, кој се наоѓа во северниот дел на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Суфи Ариф, еден од овластените за цивилна одбрана во Дарет Изе, за АА изјави: „Еден воен авион, за којшто претпоставуваме дека е руски, изврши напад со фосфорни бомби на населените предели во градот“.
Ариф потврди дека тројца цивили се повредени во нападот организиран вчера, во регионот којшто е под контрола на опозицијата. „При бомбардирањето избувнаа пожари во многу населени места. Пожарите беа изгаснати од страна на цивилната одбрана и од противпожарните екипи“, пренесе тој.
Од друга страна, локални извори информираа дека напад со фосфорни бомби имало и во населбата Џиср еш-Шугур во Идлиб, но не беа споделени подетални информации за случајот.