Fuat Kabakcı
14 Февруари 2021•Ажурирај: 15 Февруари 2021
АНКАРА
Во напад со нож, што се случи на метро линија во американскиот град Њујорк, загинаа 2 лица, додека 2 лица се повредени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во различни места на истата метро линија во Њујорк, четири лица, меѓу кои една жена, беа изложени на напад со нож.
Двајца од повредените загинаа на местото од настанот.
Полициските службеници во Њујорк соопштија дека постои сомнеж дека нападите што биле извршени во рок од еден час на истата метро линија се извршени од страна на едно лице.
Се истакнува дека се трага по осомниченото лице, и дека во рамки на истрагата се испитуваат видеоснимките од безбедносните камери на метро линијата.
Според соопштеното, мобилизирани се дополнителни 500 полицајци за осигурување на безбедноста на метрото во градот.