Recep Şakar
22 Јануари 2017•Ажурирај: 23 Јануари 2017
МЕЛБУРН (АА) - Бројот на загинати во нападот кој се случи во петокот во Мелбурн, кога возач со автомобил намерно удри во група пешаци, е зголемен на пет лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата кратко по нападот во центарот на Мелбурн го уапси напаѓачот, 26-годишниот Димитриос Гаргасулас, а соопштено е дека овој случај не е поврзан со тероризам.
Денес во болницата починаа две повредени лица и тоа тримесечно бебе и 33-годишен маж, со што бројот на загинати се зголеми на пет лица.
Во нападот се повредени уште 37 лица, меѓу кои четири се наоѓаат во животна опасност.
Напаѓачот од претходно ѝ е познат на австралиската полиција, а според неофоцијални информации, станува збор за човек со душевни проблеми и корисник на дрога.
Шефот на полицијата во Викторија, Грахам Ештон, соопшти дека Гаргасулас бил процесуиран за повеќекратно убиство.
Голем број граѓани на Австралија, како и највисоките официјални лица на земјата го посетуват местото на нападот и оддаваат почит на загинатите лица.