Sayed Khodaiberdi Sadat
09 Август 2020•Ажурирај: 10 Август 2020
КАБУЛ
Седум припадници на безбедосните сили го загубија својот живот во нападот извршен со возило вомба врз воена единица во авганистанската покраина Газне, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Авганистан, Тарик Арјен, во изјава за медиумите истакна дека воената единица во подрачјето на Котал Равза во Газне била цел на нападот извршен со возило бомба.
Арјен информира дека во нападот загинале 7 безбедносни службеници, додека 16 безбедносни службеници биле повредени.
Сеуште никој не ја презеде одговорноста за нападот.