свет

Напад во близина на воздушната база на САД во Авганистан: Повредени 50 лица

Абдул Шуќур Кудуси, управител на областа Баграм при покраината Парван, истакна дека напаѓачот го насочил возилото бомба кон здравствениот центар во близина на оваа воздушна база

Sayed Khodaberdi Sadat  | 11.12.2019 - Обновена : 12.12.2019
Напад во близина на воздушната база на САД во Авганистан: Повредени 50 лица

КАБУЛ (АА) - Според првичните сознанија, 50 лица се повредени во нападот извршен со возило бомба во близина на воздушната база на САД во Баграм, кој се наоѓа во близина на авганистанскиот главен град Кабул, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Абдул Шуќур Кудуси, управител на областа Баграм при покраината Парван, истакна дека напаѓачот го насочил возилото бомба кон здравствениот центар во близина на оваа воздушна база.

Кудуси информираше дека според првичните сознанија во нападот се повредени 50 лица, а бројни куќи се оштетени.

Очевидците велат дека по нападот се слушале и пукотници во ова подрачје.

Сè уште никој не ја презеде одговорноста за нападот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın