Adel Ömeragiç
30 Септември 2016•Ажурирај: 01 Октомври 2016
ПОДГОРИЦА (AA) - Во Долна Саксонија во Германија, каде што државјаните на Црна Гора можат единствено да се пријават за азил, во 2015 година се предадени 3.142 барања, што значи дека Црна Гора, според бројот на предадени барања за азил во овој дел на Германија беше на второ место, по барателите на азил од Сирија, соопштено е денес на тркалезна маса „Економски емиграции во ЕУ- причини и последици", кој е одржан во Подгорица, јавува Anadolu Agency (AA).
Трендот на иселување од Црна Гора, посебно од северот, донекаде е запрен во 2016 година. Учесниците на денешната тркалезна маса согласни се дека доминантни пичини за иселување се социо-економската ситуација и нивото на невработеност.
Момчило Радучовиќ, претседател на Европското движење во Црна Гора, рече дека иако досегашните статистички податоци покажуваат дека овој тренд значително се намалил во 2016 година, причините и последиците на ваквите движења на населението и тоа примарно од северот на Црна Гора мораат да бидат испитани и адресирани за да се се спречат новите потенцијални бранови на иселување.
„Бранот на луѓе ко побарале азил во некоја од земјите на ЕУ достигна врв во 2015 година. Во Долна Саксонија, Германија, каде државјаните на Црна Гора можат единствено да се пријават за азил, таа бројка минатата година изнесуваше 3.142, што значеше дека Црна Гора според бројот на предадените барања за азил во овој дел на Германија беше на второ место, зад Сирија. Проблем е доколку црногорски земјоделец, кој имал стадо од 300 овци, сето тоа го распродал, за да отиде во Германија да побара азил. Вистинскиот проблем, всушност, е кога тој ќе се врати во Црна Гора, кога ќе сфати дека заминувањето и барањето азил било превара. Тоа е проблемот на целото општество", рече Радуловиќ.
Борис Мариќ, министер за труд и социјална грижа на Црна Гора истакна дека процесот на иселување на населението од Црна Гора, посебно од делот на северот е присутен веќе неколку години, и по бранот на иселување во текот на 90-те години од минатиот век.
Фиона МекКлуни, шеф на кацеларијата на УНДП во Црна Гора верува дека социо-економската ситуација и нивото на невработеноста, се можните причини за миграција од Црна Гора.
„Луѓето се селат, бидејќи сакаат добро образование за своите деца. Потоа несигурноста во иднината, во економскиот развој. Тоа се причините кои влијаат на луѓето", порача МекКлуни.