свет

Над 200 палестински парови се венчаа на заедничка церемонија во Газа

- Групната венчавка, одржана во Деир ал-Балах, привлече стотици гости и покрај тешките хуманитарни услови предизвикани од тековната израелска блокада

Elena Trenchevska Chekovikj  | 19.12.2025 - Обновена : 19.12.2025
Над 200 палестински парови се венчаа на заедничка церемонија во Газа

ДЕИР АЛ-БАЛАХ (АА) – Вкупно 203 палестински парови се венчаа во разорениот Појас Газа како дел од иницијативата организирана од Фондацијата за образование Рибат (Ribat Eğitim Vakfı), јавува Анадолу.

Групната венчавка, одржана во Деир ал-Балах, привлече стотици гости и покрај тешките хуманитарни услови предизвикани од тековната израелска блокада.

Израел уби речиси 70.700 Палестинци, претежно жени и деца, и повреди над 171.100 во нападите во Газа од октомври 2023 година.

Офанзивата престана со договорот за прекин на огнот што стапи на сила на 10 октомври.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.