Zehra Ulucak
04 Март 2021•Ажурирај: 04 Март 2021
СЕУЛ (АА) – Северна Кореја можно е да произведува плутониум за нуклеарно оружје, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Веб-страницата „38 North“, која објавува вести и анализи за Северна Кореја, напиша дека сателитските снимки покажале дека во нуклеарниот комплекс Јонгбјон по пауза од две години започнала да работи една централа.
На снимките се гледа дека од оџакот на објектот, почнувајќи од крајот на февруари и почетокот на март, почнало да се појавува чад.
„Северна Кореја можеби се подготвува за преработка на потрошно гориво за да го извлече потребниот плутониум што може да се искористи при производство на нуклеарно оружје“, се наведува во веста на веб-страницата.
Меѓу другото, се истакнува дека тоа исто така „може да значи дека објектот се подготвува за преработка на радиоактивен отпад“.
Претседателот на Меѓународната агенција за атомска енергија (UAEA), Рафаел Маријано Гроси, во својот говор на состанокот на Управниот одбор на Агенцијата одржан на 1 март во Виена, Австрија, рече дека Агенцијата продолжува да ги следи нуклеарните активности на Северна Кореја преку сателити и дека некои од нуклеарните постројки во оваа земја работат.
Гроси исто така упати повик до Северна Кореја да соработува со Меѓународната агенција за атомска енергија (UAEA).
Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-Ун, на 8. Конгрес на Корејската работничка партија, што се одржуваше од 5 до 12 јануари, се закани дека ќе го зајакне нуклеарниот арсенал со објавување на листа на високотехнолошки системи на оружје кое се развива.