свет

На улиците на Брисел протестираа 12.000 студенти

Протестите ги организираа голем број невладини организации за заштита на околината, а студентите се собраа пред Централната железничка станица во Брисел

Ata Ufuk Şeker  | 17.01.2019 - Обновена : 18.01.2019
На улиците на Брисел протестираа 12.000 студенти

Brisel

БРИСЕЛ (АА) - Најмалку 12.000 студенти се собраа денес на протестите во Брисел и бараа од властите поактивна борба против климатските промени, јавува Anadolu Agency (AA).

Протестите ги организираа голем број невладини организации за заштита на околината, а студентите се собраа пред Централната железничка станица во Брисел.

Демонстрантите по централните бриселски улици пешачеа до седиштето на Европскиот парламент, Европската комисија и Европскиот совет, а организаторите тврдат дека во пет километри долгиот протестен марш учествувале најмалку 12.000 студенти.

„Земјата им припаѓа на сите“, „Да ја зачуваме околината“ и „Климата и младите на едно место“, се некои од пораките од транспарентите кои ги носеа демонстрантите.

Белгиската полиција презеде максимални безбедносни мерки и поради протестите привремено го блокираше сообраќајот во поголемиот дел од улиците во центарот на Брисел.

Внимание привлекоа и новите полициски возила кои ги користи белгиската полиција, а станува збор за специјални возила опремени со надзорни камери чии снимки нудат преглед на сликата од 360 степени.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın