Ali H. M.Abo Rezeg,Mahmoud Barakat
17 Јануари 2019•Ажурирај: 17 Јануари 2019
ДОХА (АА) - Катарскиот емир, шеик Тамим бин Хамад ал Тани денес го пречека турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу во Доха, пренесува Anadolu Agency (AA).
Денес Сојлу присуствуваше на церемонијата на дипломирање на полициските кадети во Полицискиот колеџ во Доха.
На церемонијата, исто така присуствуваше и емирот на Катар, воедно и премиер и министер за внатрешни работи, шеик Абдула бин Насер бин Калифа ал Тани.
Јорданскиот министер за внатрешни работи, Ибрахим ал Мубаидаин, исто така присуствуваше на церемонијата, на која дипломираа повеќе од 100 полициски кадети од Катар, Кувајт, Јордан, Палестина и Јемен.
По церемонијата дипломираните полициски кадети одржаа парада пред зградата на колеџот.
Сојлу пристигна во Доха претходно во текот на денот на еднодневна посета. Додека е во Катар, се очекува да се состане со голем број катарски официјални претставници.