Zuhal Demirci
19 Јули 2024•Ажурирај: 21 Јули 2024
ЛОНДОН (АА) - Во инцидентите што избија во областа Харехилс во Лидс, Велика Британија, демонстрантите превртеа полициско возило и запалија автобус, јавува Анадолу.
Локалните медиуми објавија дека инцидентот се случил кога социјалните служби сакале да ги однесат децата на едно семејство од регионот Харехилс.
Вработените во социјалната служба што се обидуваа да ги земат децата од ромското семејство, според некои објави на социјалните мрежи, заедно со децата се пренесени на побезбедно место откако повеќе луѓе во знак на протест пристигнале на местото на настанот.
На сликите објавени на социјалните мрежи се гледа како толпата ги крши стаклата и потоа го превртува полициското возило. Дополнително, на видеото е снимено дека демонстрантите запалиле возило од јавен превоз.
Соопштено е дека повеќе полициски сили се распоредени во регионот, а некои патишта се затворени.