Zafer Fatih Beyaz
22 Септември 2022•Ажурирај: 23 Септември 2022
ЊУЈОРК (АА) - Претседателот на Туркије (Турција), Реџеп Таип Ердоган, изјави дека размената на затвореници, која се спроведе со посредство на Туркије, е важен чекор кон ставање крај на војната и дека продолжуваат напорите за воспоставување мир меѓу Русија и Украина, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган соопшти дека меѓу Русија и Украина се разменети 200 воени заробеници како резултат на дипломатските активности реализирани со рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Владимир Зеленски.

Во интервјуто за медиумите дадено во „Туркеви“ во Њујорк, турскиот претседател, оценувајќи ја посетата на САД, наведе дека размената на затвореници, која е реализирана со посредство на Турција, е важен чекор кон завршување на војната и дека продолжуваат напорите за воспоставување мир меѓу Русија и Украина.

Заблагодарувајќи им се на рускиот претседател Путин и на украинскиот претседател Зеленски што овозможија размена на затвореници, Ердоган рече: „Исто така, би сакал да им се заблагодарам на сите мои пријатели кои вложија напори во овој процес.“