Ekipa
21 Септември 2017•Ажурирај: 22 Септември 2017
ЈАНГОН (АА) - Група од околу 300 будисти од мјанмарската држава Аракан (Ракан) се обидоа да уништат брод што доставува помош за раселените лица во западниот дел на Аракан, соопшти владата на Мјанмар, јавува Anadolu Agency (AA).
Немирите започнаа кога доцна синоќа, околу 50 луѓе ги принудија вработените во Меѓународниот комитет на Црвениот крст (ИЦРЦ) да ја растоварат помошта од бродот во пристаништето Ситвеј, во главниот град на државата Ракин, се вели во соопштението од државниот советник Аунг Сан Су Чи.
Се истакнува дека осум лица се приведени на распит, откако полицијата ја разби групата од околу 300 лица со предупредувачки истрели и водени топови.
Во телефонски разговор за АА рано утринава, полицаец соопшти дека групата фрлала молотови коктели кон бродот, а некои ја напаѓале полицијата со катапулти.
„За среќа, бродот не беше сериозно оштетен од огнот и не беше повредени ниту еден полицаец“, изјави службеникот кој сакаше да остане анонимен. Тој истакна дека група луѓе ја нападнале полицијата.
Изворот додаде дека се ширеле гласови оти помошта била само за муслиманите Рохинџа раселени како резултат на неодамнешните настани.
„По нападите од 25 август, се зголемува нетрпеливоста кон невладините организации“, истакна тој, додавајќи дека повеќето раселени лица од државата Ракиан (Аракан) одбиле да ја прифатат помошта од невладините организации.