Serdar Dincel
26 Август 2025•Ажурирај: 28 Август 2025
ИСТАНБУЛ (АА) – Огромна песочна бура зафати делови од метрополитенската област на Фeникс во американската сојузна држава Аризона, проследена со силни грмотевици, предизвикувајќи голема штета, соборени дрвја и прекини во електричната енергија, јавува Анадолу.
Бурата од прав, метеоролошки позната како хабуб, ја намали видливоста на речиси нула, а ветровите со брзина од 112,7 километри на час урнаа мост за поврзување на аеродромот „Фeникс скај харбор“, објави „Си-ен-ен“.
Додека системот навлегуваше во округот Марикопа во понеделникот навечер по локално време, Националната метеоролошка служба во Феникс издаде предупредувања за песочна бура и силни грмотевици, предупредувајќи ги возачите за опасно ниска видливост и повикувајќи ги да „застанат настрана (и) да останат живи“.
Меѓународниот аеродром „Фeникс скај харбор“ имаше едночасовен прекин на работата на земја поради приближувањето на огромниот облак од прав, додека екипите проверуваа за евентуални штети, според портпаролот Грегори Ројбал.
Хабубот во Феникс следува по песочната бура за време на викендот во државата Невада што го зафати „Брнинг мен“, годишен уметнички фестивал што се одржува во Блек Рок Сити, околу 193 километри од Рино.