Ekip
01 Април 2022•Ажурирај: 04 Април 2022
АНКАРА (АА) - Австралискиот премиер Скот Морисон денеска најави испраќање модерно оружје во Украина, како и оклопни борбени возила „Бушмастер“, произведени во неговата земја, јавува Агенција Анадолија (АА).
Говорејќи на прес-конференција во Џејмисонтаун, Нов Јужен Велс, Морисон рече дека Австралија испраќа дополнителна воена поддршка на Украина во војната против Русија.
„Ние не испраќаме само молитви, ние го испраќаме нашето оружје, ја испраќаме нашата муниција, хуманитарна помош, панцири и сиве овие работи. Ќе ги испратиме и нашите оклопни возила, нашите Бушмастери“, им рече тој на новинарите.
Морисон додаде дека неговата земја испраќа оружје со транспортните авиони Ц-17 за да се увери дека ќе стигне таму и ќе ги поддржува украинските сили.
Одлуката за испраќање воена помош беше донесена по барањето на украинскиот претседател Владимир Зеленски за време на неговото обраќање пред австралискиот Парламент во четвртокот за обезбедување модерно оружје.
Морисон рече дека го информирал Зеленски и за дополнителни 25 милиони долари воена поддршка.
Австралија досега најави воена поддршка од 86,7 милиони американски долари за Украина.
Исто така, планира да воведе дополнителна царина од 35 отсто на увозот од Русија и Белорусија како дел од санкциите поради војната во Украина.
Забраната за руската нафта и другите енергетски извори ќе стапи на сила на 25 април, според Морисон.