Muhammet Nazım Taşcı
06 Октомври 2022•Ажурирај: 07 Октомври 2022
ИСЛАМАБАД
Според податоците на пакистанската Национална агенција за справување со катастрофи, во монсунските дождови во Пакистан, почнувајќи од 14 јуни, животот го загубија 631 дете, 340 жени, вкупно 1.697 лица, а повредени се 12.867 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Поројните монсунски дождови оштетија повеќе од 2 милиони куќи, а угинаа над 1.163.000 грла стока.
Поплавите уништија патишта во должина од 13.097 километри и 440 моста, а од катастрофалните поплави предизвикани од монсунските дождови, во земјата се погодени 33,4 милиони луѓе.