Mehmet Tosun
06 Октомври 2022•Ажурирај: 07 Октомври 2022
ПРАГА
Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, разговараше со лидерите пред Самитот на Европската политичка заедница во главниот град на Чешката Република, Прага, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган на замокот во Прага се состана со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и ерменскиот премиер Никол Пашинјан.
Турскиот претседател, исто така разговараше и со унгарскиот премиер Виктор Орбан и францускиот претседател Емануел Макрон.
Потоа заедно се фотографираа лидерите учесници на Самитот на Европската политичка заедница.