Şerife Çetin
07 Декември 2017•Ажурирај: 08 Декември 2017
БРИСЕЛ (АА) - Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија (ЕУ), Федерика Могерини, истакна дека е загрижувачка одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп, за признавање на Ерусалим како главен град на Израел, и додаде: „Одлуката на претседателот Трамп може да нѐ доведе до помрачни периоди“, јавува Anadolu Agency (AA).
На дневниот брифинг за медиумите, одржан во Европската комисија, Могерини истакна дека основната цел на ЕУ е Ерусалим да биде средство за постигнување дводржавно решение за кризата од Блискиот Исток така што ќе биде главен град и на Израел и на Палестина.
„Дваесет и осумте земји-членки на ЕУ се согласуваат дека единственото реално решение е дводржавното решение, и дека Ерусалим треба да биде главен град на двете земји“, нагласи Могерини.
Могерини истакна дека на средбата реализирана минатата недела, со министерот за надворешни работи на САД, Рекс Тилерсон, го пренела јасниот и одлучен став на ЕУ околу ова прашање. Таа се осврна и на важноста повторно да се започне мировниот процес на Блискиот Исток.
„Одлуката на претседателот Трамп може да нѐ доведе до помрачни периоди“, рече Могерини.
- „Она што се случува во Ерусалим го интересира целиот свет“ -
Могерини истакна дека едно од загрижувачките прашања е зголемувањето на тензиите во светите места во Ерусалим, и додаде: „Она што се случува во Ерусалим, не го интересира само регионот, туку и целиот свет“.