Şerife Çetin
18 Ноември 2018•Ажурирај: 20 Ноември 2018
БРИСЕЛ (АА) - Високата претставничка на Европската Унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини, истакна дека заедно со нивните меѓународни партнери, одблизу ќе ги следат резултатите од истрагата во врска со убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, пренесува Anadolu Agency (AA).
Могерини во писмено соопштение во врска со ова прашање го потврди барањето на ЕУ за реализирање на една веродостојна и транспарентна истрага, со цел разјаснување на случајот за убиството на Кашоги.
Могерини нагласи дека во врска со истрагата ги следеле изјавите на саудиските власти на 15 ноември.
„Сите детали во врска со ова страшно убиство треба да се разјаснат, и да се казнат виновните лица“, додаде таа.
Истакнувајќи дека започнувањето на правниот процес е значаен чекор, Могерини рече дека во сите услови, ЕУ е против смртна казна.
„Одблизу ќе ги следиме резултатите од истрагата за убиството на Кашоги, заедно со нашите меѓународни партнери“, нагласи Могерини.
Могерини рече дека Саудиска Арабија треба да ги преземе сите потребни мерки, со цел да не се случи сличен случај, и дека по резултатите на истрагата, земјите членки на ЕУ, врз основа на меѓународното право ќе преземат заеднички став против виновните лица.