Zuhal Demirci
04 Јануари 2019•Ажурирај: 05 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Република Турција, Хами Аксој, реагираше на скандалозните изјави на американскиот државен секретар, Мајк Помпео, на сметка на Турција во врска со Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ги отфрламе изјавите на Помпео за нашата земја во контекст на Сирија, и во смисла на стилот и содржината“, порача Аксој во писмена изјава во врска со наводите на Помпео што ги изнесе во интервју за американската телевизија „NewsMax“.
Аксој нагласи дека доколку идентификацијата на Помпео на терористичката организација ЈПГ/ПКК со Курдите не е намерна, тогаш претставува загрижувачки недостаток на информации.
Тој нагласи дека Турција ќе ја продолжи одлучната борба против терористичките организации ПКК/ПЈД/ЈПГ и ДЕАШ, кои сакаат да го нарушат политичкото единство и територијалниот интегритет на Сирија.
„Најостро го осудуваме тоа што ЈПГ/ПКК (од САД) се смета за партнер во борбата против ДЕАШ“, изјави Аксој.
Помпео во интервју за телевизијата „NewsMax“ изнесе скандалозни изјави на сметка на Република Турција, а меѓу останатото, изјави дека во Сирија е важно да се обезбеди дека Турците не ги убиваат Курдите.