Yusuf Hatip
05 Јануари 2019•Ажурирај: 06 Јануари 2019
БРИСЕЛ (АА) - Бројот на непријавени мигранти, кои влегуваат во земјите на ЕУ, минатата година беше најмал во последните пет години, јавува Anadolu Agency (AA).
Во извештајот на Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (ФРОНТЕКС) е наведено дека бројот на мигранти кои минатата година влегле во земјите на ЕУ е намален за 25 отсто во однос на годината претходно.
Како главна причина за намалувањето на бројот на непријавени мигранти е наведено намалувањето на бројот на лицата кои во претходните години ја користеле Централната медитеранска рута за влез во Италија.
Во извештајот е наведено и дека бројот на мигрантите на таа рута е намален за 80 отсто во однос на 2017 година.
Според податоците на ФРОНТЕКС, во 2018 година е забележан најмал број на влез на непријавени мигранти во земјите на ЕУ, и тоа околу 150.000.
Истакнато е дека 18 отсто од непријавение мигранти, кои во минатата година пристигнале во некои земји на ЕУ, се жени. Нагласено е дека секое петто лице е помладо од 18 години и дека меѓу нив се и 4.000 малолетници без родителска придружба.