Oktaj Omeragikj
14 Март 2025•Ажурирај: 15 Март 2025
БЕИТ ЛАХИЈА (АА) - Палестинците во Беит Лахија, во северниот дел на Појасот Газа, го прекинаа постот на урнатините на џамијата Салим Абу Муслим, која беше урната од израелските сили, известува Анадолу.
Ифтарот е извршен под тешки услови во остатоците на џамијата разорена од израелското бомбардирање на Појасот Газа.
Младите се собрале да го прекинат постот заживувајќи ја атмосферата на Рамазан.
По потпишувањето на договорот за прекин на огнот меѓу Хамас и Израел на 19 јануари, стотици илјади Палестинци се вратија во северните области на Појасот Газа, каде што се соочија со големи разурнувања предизвикани од израелските воени офанзиви.