Ekipa
06 Март 2020•Ажурирај: 06 Март 2020
БРИСЕЛ (АА) - Главниот преговарач на Европската Унија (ЕУ), Мишел Барни, по првиот круг преговори нагласи дека постојат сериозни несогласувања и различни ставови помеѓу ЕУ и Велика Британија во врска со иднината на нивните односи, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Преговорите се многу тешки, но јас продолжувам да верувам дека можеме да постигнеме договор“, изјави Барние за новинарите во Брисел.
Велика Британија го напушти Блокот на 31 јануари откако беше членка на Европската Унија 47 години. До крајот на оваа година, Велика Британија и ЕУ треба да се договорат за условите на економската соработка.
Првиот круг преговори се одржа во Брисел оваа недела.
„Велика Британија долго време инсистираше на својата независност. Никој не го коментира тоа, но ние исто така бараме од неа да ја почитува и нашата независност“, изјави Барние, наведувајќи дека ЕУ се залага за поставување свои услови.
Преговарачкиот став на ЕУ вклучува три главни поглавја: економско партнерство, соработка во безбедноста и надворешната политика и институционална рамка што ги регулира идните односи.
Најважниот дел е економското поглавје за кое ЕУ и Велика Британија имаат многу различни мислења.
ЕУ е отворена за договор за слободна трговија што дозволува нула тарифи и квоти, но за возврат, инсистира на обезбедување рамномерно поле за отворена и фер конкуренција.
„ЕУ побара од Велика Британија официјално да се вклучи во поддршката на високите стандарди за социјални работи, заштита на животната средина и регулирање на државната помош, но сепак, постојат многу сериозни разлики меѓу двете страни“, објасни Барни.
Преговарачите на Велика Британија се исто така против условот на ЕУ за комбинирање на трговскиот договор со договорот за риболовот, кој обезбедува реципрочен пристап до пазарите и водите и го покрива риболовот со квоти.
Партнерите имаат различни мислења за природата на договорот, додека ЕУ сака глобална рамка, Велика Британија претпочита секторски договор.
Постои несогласување во врска со одредени правни аспекти за идната соработка во борбата против тероризмот, перењето пари и организираниот криминал.
Следниот круг преговори ќе започне во Лондон на 18 март.