Ali H. M.Abo Rezeg
27 Август 2018•Ажурирај: 27 Август 2018
АНКАРА (АА) - „Министерството за одбрана на Иран затвори најмалку 130 од своите компании“, изјави министерот за одбрана Амир Хатами, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението министерот вели дека затворените компании биле активни во областите транспорт, енергија и градежништво.
„Министерството се откажа од своите акции во Вагон парс (Wagon Pars) и Иран ер турс (Iran Air Tours)“, истакна тој.
„Вагон парс“ претставува железничка компанија, чии производи вклучуваат локомотиви, возови, метроа, товарни вагони и вагони за гориво, како и авионска опрема.
„Иран ер турс“ (Iran Air Tours) е авионска компанија со седиште во Техеран.
Хатами истакна дека затворањето на компаниите е со цел намалување на улогата на војската во економскиот сектор.
Министерот за одбрана рече дека претходните ирански влади приватизирале многу компании што биле во сопственост на војската.
Тој нагласи дека војската била подготвена да препушти 72 отсто од проектите спроведени од воените компании на приватниот сектор.
Во јануари минатата година, Хатами изјави дека иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хаменеи, наредил војската да се повлече од своето присуство во економскиот сектор на земјата.