Gözde Bayar
08 Декември 2020•Ажурирај: 08 Декември 2020
РИМ
Министерката за внатрешни работи на Италија, Лучиана Ламоргесе е заразена со Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата за позитивнит наод од тестот на Ковид-19 министерката го дознала за време на синоќешната седница на италијанската Влада.
Италијанската новинска агенција АНСА јавува дека министерката Ламоргесе итно ја напуштила седницата и дека лекувањето ќе го продолжи во домашна изолација со оглед дека нема развиени симптоми од вирусот.
Ламоргесе има 67 години и е член на Владата на премиерот Џузепе Конте, а се смета за технократ во италијанската Влада.
Поради фактот дека седеле покрај заразената Ламоргесе за време на седницата, во домашна изолација заминале и шефот на италијанската дипломатија Луиџи ди Мајо и министерот за правда Алфонсо Бонафеде.
Премиерот Конте и сите членови на Владата исто така ќе направат тест за присуство на коронавирус.